Европското првенство во ракомет влегува во завршницата со двете полуфинални средби што ќе се играат попладнево и вечерва. Во првото полуфинале играат Хрватска и Германија.

Светскиот вицешампион Хрватска е благ фаворит, откако Германците веќе забележаа два порази на ова Европско првенство, но Германија секогаш игра најквалитетно кога е најпотребно.

Во второто полуфинале кое се игра вечер Данска игра против Исланд. Домаќинот кој е Светски и Олимписки шампион е голем фаворит и сака да ги обедини сите три титули.

Слични новости

Руската тенисерка Елена Рибакина победничка на Австралија опен

Руската тенисерка Елена Рибакина победничка на Австралија опен

Руската тенисерка со казахстански пасош Елена Рибакина денеска стигна до својата втора Гренд слем титула откако во финалето на Австралија опен ја победи најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка со 2:1 во сетови 6:4, 4:6 и 6:4.