Денеска и во среда ќе има посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјална посета на претседателот на Република Словачка Петер Пелегрини и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен.
Словачкиот претседател денеска ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во кабинетот на претседателката Силјановска Давкова, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и состанок на македонската и словачката делегација.
Урсула Фон Дер Лајен пак која ја започна својата годишна турнеја низ Западен Балкан има за цел на турнејата да ја истакне поддршката на Европската Унија за процесот на пристапување на регионот во ЕУ и да разговара за планот за раст на ЕУ од 6 милијарди евра за Западен Балкан за периодот 2024-2027 година.
Слични новости
Собранието ја донесе Одлуката за прераспределба на 12,5 милијарди денари буџетски средства
Собранието попладнево, со 60 гласа „за“ и девет против, ја донесе Одлуката за прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.
Коцевски смета дека на Анкетната комисија не треба да се изнесуваат докази и искази за трагедиите
Во Собранието со 84 гласа „за“, беше донесена одлука за формирање на анкетна комисија која ќе ги опфати сите немили случаи и трагедии во кои изгубија живот 138 лица
Повторно затворен граничниот премин Евзони
Околу 14 часот по локално време грчките земјоделци одново го затворија граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја


