По голема борба и продолжеток Денвер славеше против Минесота 142:138. Никола Јокиќ имаше неверојатен учинок од 56 коша, 16 скокови и 15 асистенции за неговиот 15-ти трипл дабл оваа сезона. Воедно Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА со учинок од 55 + кошеви, 15 + асистенции и 15 + скокови.
Освен тоа Јокиќ имаше процент на шут од над 70 проценти и со неговата тројка Денвер се врати во продолжението кога губеа девет поени разлика. Денвер играше без тројца повредени стартери па целиот товар падна врз Јокиќ и Мари.Џамал Мари постигна 35 коша и 10 асистенции.
Кај Минесота Ентони Едвардс постигна 44 коша но во продолжението мораше да го напушти натпреварот поради две тејнички лични грешки, а Џулиус Рендл постигна 32 коша со седум асистенции.
Слични новости
Крај на кариерата на Линдзи Вон
Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено
Се повреди стоперот Жаке кој Ливерпул го купи за 72 милиони евра
Медиумите пишуваат дека Жаке најверојатно ќе мора да оди на операција, а потоа и на повеќемесечна рехабилитација. Тој беше планиран како големо засилување во срцето на одбраната на Ливерпул за сезоната 2026/2027.
Кем Томас од Бруклин во Милвоки
Досегашниот кошаркар на Бруклин Кем Томас стана нов играч на Милвоки Бакс, пренесе американската телевизија ЕСПН


