Изненадувањето утринава го приреди Јута Џез кои го победија Бостон на гостински терен со 105:103 со кош на Јусуф Нуркиќ 0,6 стотинки пред крајот на натпреварот.

Денвер Нагетс ги победија Сакраменто Кiнгс со 130:124, но малата разлика на крајот не е вистински одраз на случувањата на теренот бидејќи Денвер постојано имаше двоцифрена предност.

Никола Јокиќ имаше одлична партија со 34 коша, 14 асистенции и 4 украдени топки, 21 кош постигна Кристијан Браун, а 20 Арон Гордон кај победничкиот тим. Кај Сакраменто најдобар поединец беше Ветсбрук кој минатата сезона играше за Денвер со 26 коша, 12 скокови и 6 асистенции, но потфрлија Зак Лавин со 15 коша и Домантас Сабонис со 13 поени.

Слични новости

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турските власти наредија во петокот апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широката истрага за местење натпревари, соопштија обвинителите во Истанбул