Денвер продолжи со серијата порази на домашен терен и падна на петтото место во Западната конференција, откако синоќа беше поразен од Минесота 117:108. Никола Јокиќ постигна 35 коша со 13 скока и 9 асистенции, а Џамал Мари 25 коша, но двајцата главни играчи на Денвер имаа слаба помош од другите соиграчи.

Кај Минесота  Ентони Едвардс постигна 21, Џејден Мекданелс 20 коша, Донте Дивиченцо 17, а резрервистот Боунс Хајленд 18 коша, со шут од игра 6 од 7.

Денвер имаше исклучително слаб процент на шутвери за тројка 27 насто и 13 загубени топки. Минесота имаше убедлива предност во текот на целото второ полувреме, а играта на Денвер изгледаше слабо, особено во нападот.  

 

Слични новости

Џа Морант најверојатно ќе биде трејдуван во Мајами

Мајами Хит кој беше еден од најсериозните тимови за ангажирање на јанис Адетокумбо од Милвоки, се откажа од трката за грчкиот крилен центар и се насочи кон тоа да го доведе спектакуларниот плејмејкер на Мемфис Гризлис Џа Морант.