Денвер продолжи со серијата порази на домашен терен и падна на петтото место во Западната конференција, откако синоќа беше поразен од Минесота 117:108. Никола Јокиќ постигна 35 коша со 13 скока и 9 асистенции, а Џамал Мари 25 коша, но двајцата главни играчи на Денвер имаа слаба помош од другите соиграчи.
Кај Минесота Ентони Едвардс постигна 21, Џејден Мекданелс 20 коша, Донте Дивиченцо 17, а резрервистот Боунс Хајленд 18 коша, со шут од игра 6 од 7.
Денвер имаше исклучително слаб процент на шутвери за тројка 27 насто и 13 загубени топки. Минесота имаше убедлива предност во текот на целото второ полувреме, а играта на Денвер изгледаше слабо, особено во нападот.
Слични новости
Дебакл на италијанскиот фудбал
Италија е на пат оваа сезона во Лигата на шампионите да доживее незапаметен дебакл, затоа што лесно може да се случи во осминафиналето да нема ниту еден претставник.
Сакраменто Кингс во многу тешка ситуација, ги загубија Сабонис и Лавин до крајот на сезоната
Кошаркарите на Сакраменто Кингс Домантас Сабонис и Зак Лавин ќе отсуствуваат од теренот до крајот на сезоната поради повреди, пренесе телевизијата ЕСПН.
Поразот на Интер од Бодо најголемото изненадување во Лигата на шампионите
Интер од Милано синоќа беше поразен од норвешкиот шампион Бодо Глимт во првиот натпревар од двомечот за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите со 3:1.


