Денвер Нагетс ги победија на гостински терен Минесота Тимбервулфс со резултат 127:114, откако лани Минесота победи во сите 4 меѓусебни натпревари од регуларниот тек на сезоната.
Никола Јокиќ одигра брилијантна партија со 25 коша, 19 скокови и 10 асистенции и фантастичен шут од игра 90 проценти. Никола Јокиќ го постигна и третиот трипл-дабл од три натпревари, а ваков старт во историјата на НБА имале само Оскар Робертсон и Расел Вестбрук. Џамал Мари беше најефикасен кај Денвер со 43 коша, од кои 5 тројки.
Минесота настапи ослабена без Ентони Едвардс, а најефикасни во тимот беа Џејден Мекданиелс со 25 коша и Џулиус Рендл со 24. Центарот Руди Гобер имаше слаб настап со 8 поени и 5 скокови.
Слични новости
Упамекано најверојатно заминува од Баерн Минхен
Упамекано бара годишна плата од 16 милиониу евра, а управата на Баерн не е подготвена да ги прифати овие услови. За Упамекано се заинтересирани Реал Мадрид и Париз Сен Жермен.
Филаделфија ја победи Индијана со 39 коша на Џоел Ембид
Камерунскиот центар Џоел Ембид сезонава за прв пат одигра добро и постигна 39 коша и 10 скокови во победата на Филаделјфија против Индијана 115:105. Своја најдобра партија во дресот на Филаделфија сезонаваимаше и ветеранот Пол Џорџ кој постигна 23 поени
Тотенхем со понуда за Семењо во зимскиот преоден рок
Тотенхем е подготвен да плати 65 милиони фунти на Борнмут, колку што е откупната клаузула за напаѓачот од Гана Антоан Семењо и е подготвен да му понуди услови според кои би бил еден од најплатените фудбалери во клубот.


