Екипата на Денвер Нагетс се соочува со огромен број на повредени играчи, за кои тренерот Давид Аделман веќе нема замени.
Откако се повреди суперзвездата Никола Јокиќ и ќе отсуствува од терените најмалку еден месец, синоќа на мечот во Торонто неговата замена Литванецот Јонас Валанчунас го истегна листот на десната нога.
Според инсајдерите во НБА Валанчунас ќе отсуствува од паркетот најмалку четири недели. Со тоа Денвер остана без ниту еден центар, а единствен висок играч кој ќе може да ја покрива таа позиција е крилото Зик Наџи.
Претходно беше повреден крилниот центар Арон Гордон, како и уште двајца играчи од првата петорка Кристијан Браун и Кем Џонсон.
Слични новости
Крај на сезоната за Џејми Гитенс од Челси
Фудбалерот на Челси Џејми Гитенс ќе отсуствува подолго време од терените поради повреда на бутниот мускул, соопшти денеска лондонскиот клуб.
Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана
Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.
Пејтон Вотсон најновиот повреден кај Денвер Нагетс
Пејтон Вотсон има повреда на задната ложа и не е познато колку ќе отсуствува од теренот. Поради истата повреда Арон Гордон не игра веќе со месеци.


