Кошаркарите на Денвер Нагетс денеска на свој терен ја победија екипата на Вашингтон Визардс со резултат 121:115 предводени од Џамал Мари кој постигна 42 коша.

За Денвер во кој полека се враќаат повредените играчи, иако се сеуште без двајцата центри Никола Јокиќ и Јонас Валанчунас 30 коша даде и Тим Хардавеј. Во екипата на Вашингтон најефикасен беше Кишон Џорџ со 29 коша.

Денвер е на делба на второто место во западната конференција иако три недели игра без својот најдобар играч трикратниот МВП Никола Јокиќ кој се повреди пред крајот на 2025.

Слични новости