Денвер Нагетс утринава на гостински терен славеа против Хјустон Рокетс со 112:109, благодарение на уште една блескава партија на Никола Јокиќ. Српскиот центар постигна 34 коша со 10 скока и 9 асистенции.
Џамал Мари постигна 26 коша со 10 асистенции. Кај тимот на Хјустон Рид Шепард постигна 27 поени, Томпсон 22, а Џабари Смит 21 кош.
На почетокот од натпреварот кај Денвер се повреди Арон Гордон кој ја истегна задната ложа, повреда што ја влече уште од минатата сезона.
Лидер на Западната конференција е тимот на Оклахома со 16 победи и само еден пораз, а Денвер е втор со скор од 12 победи и 3 порази.
Слични новости
Доминик Калверт Луин најдобар фудбалер на Премиер лигата во декември
Фудбалерот на Лидс Доминик Калверт Луин е прогласен за најдобар играч на Премиер лигата во декември, соопшти Премиер лигата.
Реал Мадрид елиминиран од второлигашот Албасете во Купот на Кралот
Албасете го победи Реал со 3:2, а поразот е тежок удар за новиот тренер Алваро Арбелоа кој во понеделникот го наследи неговиот некогашен соиграч Чаби Алонсо кој доби отказ од управата на Реал Мадрид по неуспехот во суперкупот во Џеда.
Фудбалерите на Мароко се пласираа во финалето на купот на африканските нации откако на пенали ја победија Нигерија
Фудбалерите на Мароко станаа вториот финалист во купот на африканските нации, откако ја победија Нигерија на пенали со 4:2, а мечот заврши 0:0. Мароко има шанси да го освои купот по цели 50 години.


