Денвер Нагетс ја искористи повредата на центарот на сан Антонио Виктор Вембенјама и славеше во Тексас со 136:131. Никола Јокиќ го забележа својот 26-ти трипл дабл оваа сезона со 31 кош, 20 скокови и 10 асистенции, а Џамал Мари постигна 39 коша, од кои повеќето во второто полувреме кога Денвер направи преврт.

Во првото полувреме Сан Антонио имаше и 20 поени разлики, но последната четвртина Денвер ја доби со 42:25 и го реши натпреварот во своја корист.

Со победата Денвер се искачи на петтата позиција на Западот, а Сан Антонио и натаму е втор.

Слични новости

Џа Морант најверојатно ќе биде трејдуван во Мајами

Мајами Хит кој беше еден од најсериозните тимови за ангажирање на јанис Адетокумбо од Милвоки, се откажа од трката за грчкиот крилен центар и се насочи кон тоа да го доведе спектакуларниот плејмејкер на Мемфис Гризлис Џа Морант.