Кошаркарите на Денвер Нагетс убедливо го победија Голден Стејт на свој терен со 129:104 и така стигнаа до третата победа во низа.

Најдобар поединец на теренот повторно беше српскиот центар Никола Јокиќ кој постигна 26 поени, 9 скокови и 9 асистенции, но поради високата предност воопшто не влезе во игра во последната четвртина од натпреварот.

Денвер доминираше во текот на целиот меч, а совен Јокиќ одлична партија имаа и Џамал Мари кој постигна 23 и Арон Гордон со 18 коша. Кај Голден Стејт најефикасни беа Дрејмонд Грин со 17 и Џими Батлер со 16 коша.

Гостите настапија ослабени без својата прва ѕвезда Стеф Кари.

 

Слични новости