Технолошкиот милијардер Елон Маск, новоназначениот шеф на кабинетот на Белата куќа, Стивен Милер, и неколку големи компании веројатно ќе станат мета на конгресни истраги кога демократите ќе ја преземат контролата врз Конгресот во јануари.

Водечкиот демократ во Комитетот за надзор на Претставничкиот дом Роберт Гарсија, и сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен, кои ќе го предводат Комитетот за надзор на Претставничкиот дом и Комитетот за банкарство на Сенатот, најавија агресивен надзор по убедливата победа на нивната партија на среднорочните избори.

Илон Маск беше најголемиот финансиски поддржувач на Републиканците на изборите од половина на мандатот.

Во меѓувреме, лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, навести дека тој и неговите колеги демократи ќе го поддржат импичментот на секретарот за војна, Пит Хегсет.

Слични новости

Хутите ја засилуваат контролата врз Баб ел Мандев – зазедоа уште еден стратешки остров во јужното Црвено Море

Хутите ја засилуваат контролата врз Баб ел Мандев – зазедоа уште еден стратешки остров во јужното Црвено Море

Хутите зазедоа уште еден стратешки важен остров во јужното Црвеното Море, соопштија нивните претставници, а потврда на таквата информација дојде и од владата во Сана. На тој начин, јеменските бунтовници дополнително ја засилија контролата над поморската рута Баб ел Мандеб.