Девизните резерви на Македонија на крајот на јануари годинава изнесувале 5.600,5 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 675,3 милиони евра, објави Народната банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,8%), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и валутите и депозитите (8,4%).
Слични новости
Иран се закани дека ниту еден литар нафта нема да биде извезен од Блискиот исток
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека нема да дозволи извоз на „ниту еден литар нафта“ од Блискиот Исток доколку САД и Израел продолжат да напаѓаат.
Пад на цените на нафтата
Цената на суровата нафта Брент падна за околу 4,3% на 94,62 долари за барел во понеделник до 23:45 часот по источно време.
Голем пад на цените на акциите на светските берзи
Индексот Eurostoxx 50, кој ги следи водечките европски акции, како и германскиот индекс DAX, денеска се во пад од повеќе од три проценти, додека британскиот FTSE беше понизок за околу 1,7 проценти.


