Италија е на пат оваа сезона во Лигата на шампионите да доживее незапаметен дебакл, затоа што лесно може да се случи во осминафиналето да нема ниту еден претставник.

Актуелниот шампион на Италија Наполи испадна уште во првата фаза од натпреварувањето во кое влезе со големи амбиции. Не успеа да се пласира ни меѓу првите 24, па екипата на Конте е најгоемото разочарување досега.

Ниту еден италијански тим не се пласираше во првите 8 и не оствари директен пласман во осминафиналето. Во плеј офот пак, Интер беше поразен од Бодо со 3:1 во првиот натпревар, Јувентус загуби 5:2 од Галатасарај, а Аталанта беше поразена со 2:0 од Борусија Дортмунд.

Нема сосмнение дека италијанскиот фудбал е далеку од европскиот крем и живее на стара слава.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено