Терористичките напади на 11 септември 2001 година не оставија само огромни човечки и политички последици, туку предизвикаа и сериозен економски удар врз САД. Директната материјална штета се проценува на повеќе од 20 милијарди долари, но вкупната цена за американската економија со текот на годините се искачи на стотици милијарди долари.
Светот по 11 септември 2001 година повеќе не е ист, терористичките напади врз САД предизвикаа безбедносни, стратешки и политички промени.
По нападот САД ја сменија воената стратегија, напуштајќи го концептот на одвраќање кон право на превентивни воени напади врз држави кои кријат или поддржуваат терористички групи.
Применувајќи ја Доктрина на превентивна војна (Доктрина на Буш), САД во 2001 година а почнуваат Глобалната војна против тероризмот и го напаѓаат Авганистан, а две години подоцна Ирак.
Првпат во историјата на НАТО е активиран членот 5 од Северноатлантскиот договор за заедничка одбрана, а Алијансата дејствуваше вон евроатлантскиот регион. Со тоа е променета и стратегијата и мисијата на НАТО од класична одбрана на границите во Европа кон борба против глобалниот тероризам.
Откако САД потврдија дека зад нападите стои Ал Каеда со база во Авганистан, Членот 5 стана целосно оперативен на 4 октомври 2001 година, со што се овозможи директно учество на сојузниците во воените и безбедносните операции.
Во нападите загинаа речиси 3.000 луѓе, а илјадници други беа повредени или подоцна се соочија со сериозни здравствени последици.
Два од авионите удрија во Кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк. Двете кули за два часа се урнаа уништувајќи голем дел од долниот Менхетен. Трет авион го погоди Пентагон во Арлингтон, Вирџинија. Додека патниците и екипажот на четвртиот авион им се спротивставија на терористите и киднаперите го урнаа авионот на поле во близина на Шанксвил, Пенсилванија.
Слични новости
Трамп: Гласањето во САД е корумпирано
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека гласањето во САД е корумпирано, особено кога брзината на утврдување на резултатите се споредува со Бразил.
Иран им се закани на земјите од Персискиот залив кои планираат да им отстапат територија на САД за напади врз Иран
На секоја нова агресија на САД и на ционистичкиот режим ако териториите на соседните земји бидат искористени, ќе одговориме на поинаков начин отколку досега„ се закани официјален Техеран.
Трамп и се закани на Европа со забрана за извоз на дизел
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сериозно ја разгледува можноста за забрана на извоз на дизелот од САД поради глобалниот недостиг на дизел и наглиот пораст на цените.


