Данска ќе им ја забрани употребата на социјалните мрежи од страна на деца под 15 години, објави денеска данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност на деца над 13 години за пристап до одредени платформи.
Премиерката Мете Фредериксен, во говор пред парламентот во октомври, повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите.
„Таканаречените социјални мрежи постојат за да им го украдат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, а ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен. Данска го следи примерот на Австралија, која минатата година воведе забрана за социјални мрежи за лица под 16 години.
Слични новости
Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот
Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател, изјави Трамп.
Зоотопиа 2 се приближува до заработка од една милијарда долари
Анимацискиот феномен на студиото Волт Дизни „Зоотопиа 2“ надвор од САД стана најсупешниот филм оваа година со заработка од дури 695,3 милиони долари за две недели прикажување.
Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис
Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.


