Данска ја поздрави изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп со која ја исклуува можноста за насилно заземање на Гренланд и со која ги стави во мирување царините со европските сојузници.

„Денот се заврши подобро, отколку што почна“ порача данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмунсен.

Тој наведе дека е позитивно што Вашингтон се откажа од заканите со сила и царини, но истакна дека и натаму претстојат разговори за безбедносните прашања на САД на Арктикот.

Тој рече дека разговорите мора да се водат со почитување на црвените линии на Данска, во согласност со постоечките спогодби меѓу Данска и САД за одбраната.

Слични новости