Данската премиерка Мете Фредерискен изјави дека евентуалниот американски напад врз Гренланд би значел крај на НАТО и безбедносниот поредок успоставен во Втората светска војна. Таа ја даде изјавата откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно зборуваше за преземањето на островото.

Како што пренесува Гардијан, данската премиерка порачала дека воен напад на САД врз друга членка на НАТО би довел до целосен колапс на воениот сојуз и посточекиот систем на меѓународната безбедност.

Таа наведека дека Данска прави се за да спречи такво сценарио и ги обвини САД дека вршат „неприфатлив притисок“.

Трамп вп неделата изјави дека на САД му е многу потребен Гренланд повикувајќи се на причини од национална безбедност.

Слични новости

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската војска соопшти дека почнала „целна копнена операција против клучни цели“ во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона