Во екот на повторените закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го анектира Гренланд, данската Заедничка арктичка команда ги повика САД да учествуваат во воените вежби на тоа острово, изјави данскиот генерал мајор Сорен Андерсон.
Андерсон изјави за ВНН дека целта на вежбата „Арктичка издржливост“ на Гренланд, која е автономна територија на Данска, Русија да се држи што подалеку и да се заштити северниот блок на НАТО.
„Ова го правиме со нашите сојузници. Ова го правиме со САД, Канада и сите наши сојузници“, изјави Соренсен.
Андерсен додаде дека откако е тој командант нема видено ниту еден руски или кинески брод и дека според неговото мислење нема непосредна закана по Гренланд.
Данскиот генерал порача дека е разочарувачки да се биде во оваа ситуација со САД, откако 52 дански војници загинаа заедно со американските сили во Авганистан и Ирак.
Слични новости
Германија ја одби поканата на Трамп за помош во Ормутскиот теснец
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека Берлин не гледа улога на НАТО во решавањето на ситуацијата во Ормускиот теснец.
Израелската армија навлезе во јужен Либан
Израелската војска соопшти дека почнала „целна копнена операција против клучни цели“ во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона
Трамп: НАТО го чека многу лоша иднина, ако не им помогне на САД во војната со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека НАТО се соочува со многу „лоша иднина“, доколку сојузниците на САД не помогнат во отворање на Ормутскиот теснец што го затвори Иран.


