Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвес ги финализираше деталите за купувањето на португалскиот клуб од третата лига Спортинг Клубе де Сао Жоао де Вер, објави ESPN.

Постојат шпекулации дека поранешниот дефанзивец на Барселона, Јувентус, ПСЖ и Севиља сега 42-годишник би можел и да заигра и за португалскиот клуб.

 

Се наведува дека Алвеш има поддршка од група бразилски инвеститори за купување на клубот, кој моментално е на деветтото место од десет клуба во Групата А од третата лига на Португалија.

Алвеш не играл натрпевар од јануари 2023 година, кога беше уапсен во Барселона откако беше обвинет за сексуален напад врз жена.

Беше во затвор од 20 јануари 2023 година до март 2024 година, сè додека не беше ослободен откако плати милион евра кауција. Во март оваа година, беше ослободен од обвиненијата за силување.

Како што објави ESPN, Алвеш тренира дома и верува дека му се потребни само 30 дена за да се врати во форма.

globe

Слични новости