Грчките фармери решија да ги продолжат блокадите на патиштата и граничните премини во Грција секој ден од 18 до 22 часот, но најавија дека за време на божиќните празници од 23-29 декември ќе ги отворат сите наплатни рампи кои ги имаа блокирано.

Грчките земјоделци протестираат цели три недели со блокада на патиштатана  кои има 9.000 трактори. Тие остануваат незадоволни од одговорите на владата на нивните барања за намалување на цената на струјата и на горивата за фармерите и инсистираат на исплата на заостанатите долговои, меѓу кои има и проневерени европски субвенции.

Нема најави дека по празниците грчките земјоделци ќе го прекинат штрајкот и блокадите.

Слични новости