Повисокиот буџетски суфицит од очекуваниот ѝотвора пат на Грција за забрзана отплата на огромниот државен долг. Според извештајот за извршување на буџетот, примарниот суфицит, во првите седум месеци од годинава достигнал 5,72 милијарди евра, што е значително повеќе од првично предвидените 4,41 милијарди евра.
Во Министерството за финансии разгледуваат предвремена отплата на речиси 13 милијарди евра од долгот до крајот на годината, наместо планираните девет милијарди евра.
Со ваквото темпо, долгот на Грција на крајот на 2026 година ќе се сведе на 137 отсто од бруто-домашниот производ, наместо претходно проценетите 138,2 отсто.
Иако станува збор за мала разлика, тоа значи дека по долги години земјата повеќе нема да го носи епитетот на најзадолжена членка во Европската Унија, препуштајќи и го тоа место на Италија.
Слични новости
Нафтата Брент падна на 88 долари
Цената на нафтата Брент денеска на берзите падна за 1,05 насто на 88, 049 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ падна за 1.01 насто на 81,64 долари за барел.
Берзите во исчекување на кварталните извешати на големите компании
Најголемото внимание на берзите неделава ќе биде насочено кон извештаите на Алфабет и Тесла во среда, како и Интел во четврток, кои веројатно ќе имаат клучно влијание на движењето на американските и светските берзи
Европските банки ги заострија условите за одобрување кредити за граѓаните и фирмите
Европските банки ги заострија условите за одобрување кредити за граѓаните и фирмите во вториот квартал оваа година, а овој тренд се очекува да продолжи и во третиот квартал соопшти Европската централна банка.

