Повисокиот буџетски суфицит од очекуваниот ѝотвора пат на Грција за забрзана отплата на огромниот државен долг. Според извештајот за извршување на буџетот, примарниот суфицит,  во првите седум месеци од годинава достигнал 5,72 милијарди евра, што е значително повеќе од првично предвидените 4,41 милијарди евра.

Во Министерството за финансии разгледуваат предвремена отплата на речиси 13 милијарди евра од долгот до крајот на годината, наместо планираните девет милијарди евра.

Со ваквото темпо, долгот на Грција на крајот на 2026 година ќе се сведе на 137 отсто од бруто-домашниот производ, наместо претходно проценетите 138,2 отсто.

Иако станува збор за мала разлика, тоа значи дека по долги години земјата повеќе нема да го носи епитетот на најзадолжена членка во Европската Унија, препуштајќи и го тоа место на Италија.

Слични новости

Инвеститорите оптимистични: Подобрена оценката за актуелната ситуација со германската економија

Инвеститорите оптимистични: Подобрена оценката за актуелната ситуација со германската економија

Расположението на германските инвеститори во август порасна на највисоко ниво, покажуваат резултатите на центарот за економски истражувања Лајбниц. Вредноста на индикаторите што ги мерат економските очекувања во иднина за Германија изнесува 34,2 поени, што е раст од 7,9 поени во однос на јули.

Во Германија банкротирани илјадници компании

Во Германија банкротирани илјадници компании

Најмногу се погодени транспортот, угостителството и градежништвото. Германските медиуми пишуваат дека бранот банкротирања е последица на повеќегодишната стагнација на германската економија.