Повисокиот буџетски суфицит од очекуваниот ѝотвора пат на Грција за забрзана отплата на огромниот државен долг. Според извештајот за извршување на буџетот, примарниот суфицит, во првите седум месеци од годинава достигнал 5,72 милијарди евра, што е значително повеќе од првично предвидените 4,41 милијарди евра.
Во Министерството за финансии разгледуваат предвремена отплата на речиси 13 милијарди евра од долгот до крајот на годината, наместо планираните девет милијарди евра.
Со ваквото темпо, долгот на Грција на крајот на 2026 година ќе се сведе на 137 отсто од бруто-домашниот производ, наместо претходно проценетите 138,2 отсто.
Иако станува збор за мала разлика, тоа значи дека по долги години земјата повеќе нема да го носи епитетот на најзадолжена членка во Европската Унија, препуштајќи и го тоа место на Италија.
Слични новости
Цените на нафтата продолжија да паѓаат по најавите за нови американски санкции врз Иран
Американската сирова нафта ВТИ се движи околу 87 долари за барел, додека северноморската нафта Брент е на ниво од околу 94 долари за барел, пренесува Трејдинг економикс.
Европската унија мора да ги отстрани пречките за да функционира како единствен пазар
Европската унија има пазар од 450 милиони потрошувачи, но не ги користи во целост неговите предности поради пречките во движењето на стоките и услугите во ЕУ.
Европските индекси во минус, нафтата Брент 93 долари за барел
Европските берзански индекси денеска се главно во минус, а цената на нафтата Брент падна под 93 долари за барел, пред најавената одлука на САД да воведат нови санкции врз Иран.


