Повисокиот буџетски суфицит од очекуваниот ѝотвора пат на Грција за забрзана отплата на огромниот државен долг. Според извештајот за извршување на буџетот, примарниот суфицит, во првите седум месеци од годинава достигнал 5,72 милијарди евра, што е значително повеќе од првично предвидените 4,41 милијарди евра.
Во Министерството за финансии разгледуваат предвремена отплата на речиси 13 милијарди евра од долгот до крајот на годината, наместо планираните девет милијарди евра.
Со ваквото темпо, долгот на Грција на крајот на 2026 година ќе се сведе на 137 отсто од бруто-домашниот производ, наместо претходно проценетите 138,2 отсто.
Иако станува збор за мала разлика, тоа значи дека по долги години земјата повеќе нема да го носи епитетот на најзадолжена членка во Европската Унија, препуштајќи и го тоа место на Италија.
Слични новости
Американските акции паднаа по неочекуваниот раст на бројот на вработените во САД
Тоа ги зголеми проценките дека Федералните резерви би можеле да ги зголемат каматните стапки на наредниот состанок, пренесе Си Ен Би Си.
Цената на сировата нафта благо падна на околу 95 долари за барел
Цената на сировата нафта Брент благо падна под влијание на тензиите меѓу Иран и САД на околу 95 долари за барел, но на неделно ниво порасна за околу 8 насто, што е највисоко поскапување од средината на јули.
Цените на нафтата во пад поради намалениот ризик од пореметување во снабдувањето
Американската лесна нафта ВТИ се движи по цена од околу 83 долари за барел, додека Северноморската нафта Брент е на ниво од околу 88 долари за барел.


