Поранешниот вицепремиер Артан Груби кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце веќе е спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, потврди за Телма директорот на затворот  Бобан Утковски.

Груби е сам во келија и според изјавата на директорот се чекаат инструкции дали тој денеска ќе биде однесен во Јавното Обвинителство.

 Покрај Груби осомничен во овој случај е и Прпарим Бајрами, претседател на Управниот одбор и Генерален директор на „Државна лотарија“. И тој е во бегство. За Груби претходно беше определна мерка притвор во отсуство.

Слични новости

Зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани, реагираат занаетчиите

Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.