Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска седна на обвинителна клупа, но рочиштето се одложи за 7 септември за одбраната да направи увид во доказите. Во случајот за слоупотреби во Државна лотарија, покрај Груби, се гонат уште седум лица, меѓу кои и екс директор на друштвото Перпарим Бајрами кој сè уште е во бегство.
Подготвени се осум кутии за докази за секој обвинет. Судијката Шуплиновска Јовевски изјави дека со оглед дека на обвинетите и нивните бранители им треба време за увид во доказите, подготовка на одбраната и достава на листа со нивни докази, главната расправа се одложи.
Бајрами, Груби и останатите се обвинети дека во текот на 2023 и 2024 презеле дејства со кои ги пречекориле своите посебни овластувања и должности и нанеле штета на „Државна лотарија“ во вредност од 507.632.173 милиони денари. На сите обвинети им се става на товар кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување за кое е предвидена затворска казна од најмногу пет години.
Слични новости
Силата на новата десница
Можеби најзначајно од се во идеолошка смисла, е паѓањето, или барем поместувањето на таканаречениот „санитарен кордон“ околу есктремната десница.
