Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска седна на обвинителна клупа, но рочиштето се одложи за 7 септември за одбраната да направи увид во доказите. Во случајот за слоупотреби во Државна лотарија, покрај Груби, се гонат уште седум лица, меѓу кои и екс директор на друштвото Перпарим Бајрами кој сè уште е во бегство.
Подготвени се осум кутии за докази за секој обвинет. Судијката Шуплиновска Јовевски изјави дека со оглед дека на обвинетите и нивните бранители им треба време за увид во доказите, подготовка на одбраната и достава на листа со нивни докази, главната расправа се одложи.
Бајрами, Груби и останатите се обвинети дека во текот на 2023 и 2024 презеле дејства со кои ги пречекориле своите посебни овластувања и должности и нанеле штета на „Државна лотарија“ во вредност од 507.632.173 милиони денари. На сите обвинети им се става на товар кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување за кое е предвидена затворска казна од најмногу пет години.
Слични новости
Драстичен пад на цените на нафтата по најавите за прекин на нападите меѓу САД и Иран
Утрово цената на нафтата се намали за 8% откако САД и Иран ги прекинаа нападите едни против други во текот на викендот, во услови на напори за оживување на дипломатијата. Цената на нафтата Брент на берзите падна на 90 долари за барел, а цената на американската сурова нафта WTI се намали на 83,6 долари за барел.
Штрајкуваат грчките цариници – од 05 до 09 часот ограничувања на граничните премини со Грција
Денеска почна штрајк на грчките царински службеници, кој се одржува во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време. Ограничувањата се однесуваат на сите три гранични премини меѓу Македонија и Грција – Евзони (Богородица), Ники (Меџитлија) и Дојрани (Дојран).
Пожарите во Франција се приближуваат кон градот Бордо
Во Франција е во тек најголемата евакуација на население по Втората светска војна. Иако градоначалникот на Бордо изјави дека самиот град засега не е директно загрозен, бројни населби во неговата околина се целосно евакуирани.

