Во текот на 50. седмица од годинава, односно периодот од 8 до 14 декември, во земјава биле пријавени 126 случаи на грип и на групни пријави, што е за 31,3% повеќе од однос на седмицата претходно, соопшти Институт за јавно здравје (ИЈЗ).
Во однос на 50-та седмица од минатата сезона, односно во 2024 година, порастот е 6,8%, додека во однос на просекот на последните 15 години всушност имаме намалување на нови случаи на грип или на групни пријави за гри за 41,6%.
Заболените лица во седмицата од 8 до 14 декемвринедела се регистрирани во 15 ЦЈЗ/ПЕ, односно Тетово – 30, Куманово – 20, Македонски Брод – 18, Скопје – 15, Штип – 12, а во Гостивар, Струмица, Струга, Дебар, Охрид, Виница, Кочани, Свети Николе, Кавадарци и Кичево се регистрираат под 10 заболени лица. Највисока инциденца (178,0/100.000 жители) се регистрира во Македонски Брод.
Во однос на возраста, од 15-64 години регистрирани се 97 лица, над 65 години – 16, од 5-14 години
– 7 лица и од 0-4 години – 6 лица.
Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=22.03/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.
Слични новости
Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест
Министерство за труд и социјална политика соопшти дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија, 19 јануари 2026 година – Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповест.
Втор починат од грип во Македонија
На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 69-годишен маж од внатрешноста, откако неговата состојба се искомплицирала по инфекција со инфлуенца А.
Агенцијата за храна казни 22 маркети поради лоша хигиена и производи со поминат рок
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство изрекоа 22 казни во износ од околу 40 000 евра, по спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети


