Филмот на студиото Амазон МГМ „Го играм Роки“ на режисерот Питер Фарели на во премиерниот викенд се искачи на второто место на американскиот Бокс офис со заработка од 10,4 милиони долари.

Улогата на младиот Силвестер Сталоне ја толкува Ентони Иполито, a филмот е посветен на пробивот на дотогаш непознатиот актер Силвестер Сталоне кој сака да го игра боксерот Роки Балбоа.

Филмот доби оценка од А плус од публиката и 89 насто од Ротен томејтоус.

Во првите десет на Бокс офисот е и филмот „Дивиот коњ девет“ на Мартин МекДонах со Џон Малкович, Сем Роквел и Стив Бушеми, кој се очекува да има номинации за Златни глобуси и Оскари.

Слични новости

Почина американскиот актер Стејси Кич

Почина американскиот актер Стејси Кич

Американскиот актер Стејси Кич, познат по улогите на детективот Мајк Хамер и писателот Ернест Хемингвеј, почина на 85 годишна возраст од срцева слабост, соопшти неговата сопруга.