Денеска се очекува Гостивар да добие техничка вода за користење, откако имаше една недела ограничувања и интензивни активности за санација на водоводниот систем. 

Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, последните анализи покажуваат добри резултати по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа, а надлежните институции денеска треба да ја потврдат исправноста на водата за техничка употреба.

Неколку илјади Гостиварчани беа затруени од водата во водоводнисот систем во која имаше фекалии, за што се уапсени три лица. Гостивар беше без вода за пиење и капење цела недела.

 

Слични новости

Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија

Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија

Нови 11 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во јули во земјава – покажуваат податоците на Институот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања. Од вкупниот број регистрирани случаи, девет се мажи и две се жени