На 31 март 2026 година, во 01:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д. (34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Претходно, околу 01:30 часот, во полициската станица се јавило машко лице пријавувајќи сомневање за убиство на член од своето семејство. Полициските службеници веднаш излегле на терен, и во куќата е пронајден починатиот К.Д. (63) од Гостивар со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата. Поради сомнение за убиство, веднаш бил приведен неговиот син.
Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во купатило, но случајот не бил пријавен кај надлежните органи.
Слични новости
Радев фаворит на утрешните парламентарни избори во Бугарија, односот кон Македонија нема да се менува
Од изборите во Бугарија не се очекува никаков пресврт во однос на македонското прашање бидејќи постои консензус кај целиот политички спектар кој бара внесување на Бугарите во македонскиот Устав и спроведување на обврските од протоколите.
ДУИ: Алармантен пад на странските инвестиции
Партијата тврди дека во 2025 странските инвестиции се намалиле за 61 насто во однос на претходната година, достигнувајќи вредност од 468 милиони евра што е „еден од најслабите резултати во регионот и тежок сигнал за економијата во државата“.
Собранието ќе решава за продолжување на кризната состојба
Собранието на Република Македонија денеска треба да одлучува за продолжување на кризната состојба поврзана со снабдувањето со нафта и нафтени деривати, која би важела до 20 јули годинава.


