На 31 март 2026 година, во 01:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д. (34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Претходно, околу 01:30 часот, во полициската станица се јавило машко лице пријавувајќи сомневање за убиство на член од своето семејство. Полициските службеници веднаш излегле на терен, и во куќата е пронајден починатиот К.Д. (63) од Гостивар со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата. Поради сомнение за убиство, веднаш бил приведен неговиот син.
Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во купатило, но случајот не бил пријавен кај надлежните органи.
Слични новости
Македонија падна три места во Индексот за слобода на медиумите
Македонија е со пад од 3 места, од 42 на 45, во Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“. Таа се наоѓа во групата земји каде ситуацијата со медиумите е „проблематична“.
Претседателот на Швајцарија во посета на Македонија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој престојува во официјална посета на земјава.
Денеска пресуда за Штекли и уште четворицата обвинети во предмет за шверц на дрога
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за предметот против Раде Трајковски–Штекли и уште четворица обвинети, поврзан со организирана криминална група за неовластено производство и трговија со кокаин и марихуана.


