Голманот на Баерн Минхен и капитен на клубот Мануел Ноер поради повреда ќе го пропушти натпреварот против Аталанта од осмина финалето на Лигата на шампионите.

Ноер го напушти теренот на полувремето во победата на Баерн Минхен врз Борусија Менхенгладбах, а според последните информации клубот не сака да ризикува посериозна повреда на Ноер.

Од Баерн Минхен најавуваат дека за мечот со Аталанта што ќе се игра во 21 часот во вторник во Италија во тимот се враќа најдобриот стрелец Хари Кејн, кој не настапи на последниот меч поради полесна повреда.

 

Слични новости

Дебакл на италијанскиот фудбал

Дебакл на италијанскиот фудбал

Италија е на пат оваа сезона во Лигата на шампионите да доживее незапаметен дебакл, затоа што лесно може да се случи во осминафиналето да нема ниту еден претставник.