Голманот на Баерн Минхен и капитен на клубот Мануел Ноер поради повреда ќе го пропушти натпреварот против Аталанта од осмина финалето на Лигата на шампионите.
Ноер го напушти теренот на полувремето во победата на Баерн Минхен врз Борусија Менхенгладбах, а според последните информации клубот не сака да ризикува посериозна повреда на Ноер.
Од Баерн Минхен најавуваат дека за мечот со Аталанта што ќе се игра во 21 часот во вторник во Италија во тимот се враќа најдобриот стрелец Хари Кејн, кој не настапи на последниот меч поради полесна повреда.
Слични новости
Арсенал рутински го победи Спортинг во Лисабон со 1:0
Мечот во Лисабон го одбележа многу претпазлива, па дури и досадна игра на двата тима во текот на целиот меч. РЕваншот се игра идната среда во Лондон.
Лејкерси поразени од слабиот Далас без Лука Дончиќ
Далас ја прекина најлошата сероја порази на домашен терен против Лејкерс со победа од 134:128 благодарение на извонредната партија на „рукито“ Купер Флег. Новајлијата околу кој Далас ќе го гради тимот во иднина Купер Флег на Лејкерси им уфрли дури 45 коша
И покрај сериозните вложувања Рома далеку од Лигата на шампионите
Рома доживеа дури 15 порази сезонава, од кои 11 во Серија А, а убедливиот пораз од Интер дополнително ја продлабочи кризата кај тимот што го води Пјер Луиџи Гасперини.


