Голем пожар изби над приморскиот град Химара, на југот на Албанија, кој добива загрижувачки размери поради ветерот. Пламените јазици целосно пеплосaа шест куќи, неколку се опожарени, а поради опасноста се евакуирани локални жители и туристи до целосно стабилизирање на состојбата.
Интервенираат противпожарни единици од повеќе градови, 170 припадници на армијата, а во гаснењето од утрово се вклучени и два армиски хеликоптера. Според последните информации, спречено е натамошно ширење на пожарот.
Тешка беше ноќта и во округот Фиер, каде пламените јазици носени од силниот ветар и високите температури, брзо се проширија од Вадиза кон Леван и понатаму кон областа Мало Пештани (Пештан и Вогел).
Во овие области се уништени маслинови насади, борови шуми, опожарени и неколку домови, работилница и магацин за пчелни кошници и деловен објект.
Слични новости
Цената на гасот во Европа на највисоко ниво од декември 2022
Европските фјучерси за гас за ноември на амстердамската берза достигнаа цена од 99 евра за мегават час, односно околу 1.040 евра за 1.000 кубни метри гас. Со тоа цената на гасот во Европа го достигна највисокото ниво за последните четири години.
Нетанјаху победник без мнозинство за формирање влада, Шин Бет истражува странско мешање во изборите во Израел
Претседателот на Изборната комисија на Израел Ноам Солберг побара од израелската безбедносна служба Шин Бет да ги испита наводите за странско мешање во изборите кои беа одржани во вторникот
Албанија ќе ги казнува со по 6.000 долари насилните демонстранти
Албанската влада усвои мерки со кои се предвидуваат казни до 500.000 леки, односно околу 6.130 долари, за лицата кои остануваат во толпа што учествува во насилство или ограбување на јавен простор, дури и ако лично не извршиле насилни дејства.


