Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати препораки и совети до граѓаните, поради енормното загадување на воздухот.
„Проверете го Индексот за квалитет на воздух. Останете дома ако не мора да излегуватe. Избегнувајте спорт и активности на отворено. Носете заштитна маска со докажана ефикасност. Не отворајте прозорци кога воздухот е загаден. Користете прочистувач на воздух. Намалете физички напор, особено ако имате здравствени проблеми. Лицата со астма, срцеви и респираторни заболувања, бремените жени и децата – бидете особено внимателни. Конзумирајте храна богата со витамини (A, C, E). Доколку почувствувате симптоми – консултирајте лекар“, се дел од препораките
Во неколку македонски градови воздухот е многу високо загаден.
Препораки до населението кога Индексот за квалитет на воздух е “лош”
(Индексот на квалитетот на воздухот може да се провери на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање посветена на квалитетот на воздухот – https://air.moepp.gov.mk/ )
- Пред да излезете надвор, задолжително проверувајте го Индексот на квалитет на воздухот;
- Останете дома ако не треба да излегувате;
- Избегнувајте престој и активности на отворено (спорт, рекреација). Ова се однесува не само на чувствителните групи, туку и на децата и младите кои што повеќе време поминуваат надвор на отворено, и особено на лицата кои професионално се ангажирани и работат на отворено;
- Носете заштитна маска со докажана ефикасност на отворено;
- Останете дома или намалете го физичкиот напор, особен на отворено, особено доколку почувствувате симптоми како што се кашлица или болки во грлото.
- Не ги отворајте прозорците во вашиот дом кога е загаден воздухот;
- Користете прочистувач на воздух дома или на работно место (за особено чувствителните лица со астма, хронични заболувања – респираторни или циркулаторни заболувања и мали деца и бремени жени);
- Возрасните и децата со проблеми со белите дробови, возрасните со срцеви проблеми и постарите луѓе треба да избегнуваат напорна физичка активност;
- Бремените жени треба да останат дома;
- Луѓето со астма може да имаат потреба за почеста употреба на инхалатор. Ако треба да излезете, носете маски со докажана ефикасност;
- Лицата со хронични заболувања редовно да ја земаат терапијата, а по потреба, доколку почувствуваат симптоми, веднаш да се јават кај својот матичен доктор или во болница;
- Конзумирајте храна богата со витамини (антиоксиданси – витамин А, витамин Ц и Е);
- Консултирајте се со вашиот лекар. Посетете го вашиот матичен лекар или здравствена клиника ако се чувствувате лошо или доколку искусувате какви било негативни ефекти од загадувањето на воздухот.
Слични новости
Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест
Министерство за труд и социјална политика соопшти дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија, 19 јануари 2026 година – Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповест.
Втор починат од грип во Македонија
На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 69-годишен маж од внатрешноста, откако неговата состојба се искомплицирала по инфекција со инфлуенца А.
Агенцијата за храна казни 22 маркети поради лоша хигиена и производи со поминат рок
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство изрекоа 22 казни во износ од околу 40 000 евра, по спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети


