Голем број македонски граѓани денеска тргнаа на продолжен викенд кон Грција, што предизвика сериозен метеж на граничните премини.

Најголеми гужви се забележуваат на ГП Богородица, каде колоните возила се протегаат со километри, а чекањето трае со часови. Според информации од терен, меѓуграничниот простор е целосно исполнет, додека бројот на возила постојано расте.

Слична е состојбата и на ГП Дојран, кој често се користи како алтернативен премин, но денеска и таму има долги колони и речиси целосен застој на сообраќајот.

Причина за зголемениот притисок се поволните временски услови, претстојниот празничен период и зголемениот интерес за краток одмор на море. 

 

Слични новости

Од недела сончево и потопло време

Од недела сончево и потопло време

На почетокот на новата работна недела ќе продолжи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе бидат од -1 до 7 степени, додека дневните ќе се движат од 16 до 24 степени.