Пожарот во Грција на полуостровото Пилон во близина на Атина во текот на минатата ноќ бил делумно ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот кој е најинтензивен во населбата Коропи учествуваат 27 пожарникари со девет возила, пренесува грчкиот весник Прото тема.
Во Белгија големиот пожар кој беснееше во провинцијата Лиеж исто така е ставен под контрола и веќе нема ризик да се прошири кон автопатот. Како што е соопштено, напорите на пожарникарите во моментов се насочени на следење на зоните каде што пожарот е под контрола и на гаснење на сите потенцијални избувнувања на пожари во опасната зона.
Во оваа белгиска провинција и натаму е најстрого забранет влез во затворените шумски подрачји, а граѓаните се предупредени на своја рака да не ги спасуваат животните, бидејќи помош им пружаат стручњаците.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.