Поранешниот министер и екс директор на „Белградски електрани“ Раде Баста утринава е уапсен на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, пренесоа српските агенции.
Баста бил уапсен од припадниците на единицата за сузбивање на корупција по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград.
Акцијата на аспења и претреси во Белград е во тек, а српските медиуми јавуваат дека се приведени уште неколку луѓе поврзани со финансиски малверзации.
Раде Баста е осомничен дека како директор на „Белградски електрани“ одобрувал неосновани донации на разни спортски клубови, меѓу кои се помали фудбалски и кошаркарски клубови, како и еден коњички клуб, пренесе РТС.
Слични новости
Падот на системот на „Мајкрософт“ ги парализираше компаниите, училиштата и јавните служби ширум светот
Инцидентот укажува на ризиците што ги носи се поголемата зависност на глобалната економија од мал број на технолошки компании.
Нереди во Шпанија за време на генералниот штрајк
Повеќе од 60 лица се приведени, а биле забележани преку 900 инциденти ширум Шпанија за време на генералниот штрајк организиран поради барања за повисоки плати и попристапни услови за станбено живеење.
Виткоф и Кушнер допатуваа во Москва на средба со Путин
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф денеска во Москва треба да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа истиот ден во Даблин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по украинско-руските преговори што завршија вчера во Абу Даби.


