Објавена е листата на номинирани музичари од рок и поп индустријата онијата за воведување на новите бесмртни рокери во куќата на славните која е закажана наесен.

Меѓу номинираните се британскиот бенд „Оејзис“ иако фронтменот на бендот Лијам Галагер се противи и ги повика обожавателите да не гласаат, како и „Џој Дивижн“ и Њу Ордер“ кои се всушност ист бенд и се всушност еден кандидат. На листата се и Мараја Кери, „Ајрон Мејден“, Били Ајдол и Шаде.

За прв пат се номинирани и австралискиот бенд Ин Ексес, Лутер вандрос, Фил КолинсЏеф Бакли и Шакира. За тоа кои ќе бидат добитници ќе одлучува панел од 1.200  уметници, историчари и професионалци од музичката индустрија.

Слични новости

Документарецот Меланија се прикажува и во „сините градови“ каде што има солидна гледаност

Документарецот „Меланија“ на режисерот Брет Ратнер, за кој студиото Амазон МГМ плати 75 милиони долари, неделава почна да се прикажува во 2.000 кино сали ширум Америка, вклучувајќи ги и „сините“ градови, како Њујорк, Лос Анџелес, Бостон, Чикаго, па дури и во Минеаполис.