Инвестициската банка Голдман Сакс ја намали својата прогноза за цената на нафтата за вториот квартал од 2026 година, откако САД и Иран се согласија на двонеделен прекин на огнот.
Новата проценка изнесува околу 90 долари за барел од референтната нафта Брент, што е драстично намалување во однос на претходната прогноза дека барел Брент ќе чини 99 долари.
Банката соопшти дека ја намалува својата прогноза поради намалениот геополитички ризик и постепеното закрепнување на протокот на нафта низ Ормутскиот теснец, објави Ројтерс.
Сепак, денеска цените на нафтата повторно се зголемија поради загриженоста дека испораките од клучниот регион на Блискиот Исток можеби нема да бидат целосно обновени, со оглед на неизвесноста околу примирјето и континуираниот ограничен премин низ теснецот.
Во третиот квартал Голдман Сакс очекува нафтата да падне на 82 долари за барел.
Слични новости
Орбан разговарал со Рубио за условите под кои унгарски МОЛ би го купил српскиот НИС
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио за условите под кои унгарската нафтена компанија МОЛ би можела да ја купи српската рафинерија НИС
Кина најави дека сосема ги укинува царините за 53 африкански земји
Кина од Први мај сосема ќе ги укине царините на увоз од 53 африкански земји со кои има дипломатски односи, пренесоа кинеските државни медиуми.
САД ги намалија царините за тајванските чипови на 15 насто
САД и Тајван потпишаа трговски договор според кој Вашингтон ќе ги намали тарифите за тајванската стока на 15%, додека Тајпеи се обврза на план за елиминирање или намалување на тарифите за речиси сите американски стоки.


