Инвестициската банка Голдман Сакс ја намали својата прогноза за цената на нафтата за вториот квартал од 2026 година, откако САД и Иран се согласија на двонеделен прекин на огнот.

Новата проценка изнесува околу 90 долари за барел од референтната нафта Брент, што е драстично намалување во однос на претходната прогноза дека барел Брент ќе чини 99 долари.

Банката соопшти дека ја намалува својата прогноза поради намалениот геополитички ризик и постепеното закрепнување на протокот на нафта низ Ормутскиот теснец, објави Ројтерс.

 

Сепак, денеска цените на нафтата повторно се зголемија поради загриженоста дека испораките од клучниот регион на Блискиот Исток можеби нема да бидат целосно обновени, со оглед на неизвесноста околу примирјето и континуираниот ограничен премин низ теснецот.

Во третиот квартал Голдман Сакс очекува нафтата да падне на 82 долари за барел.

Слични новости

Авиокомпаниите ќе ги задржат повисоките цени и откако горивата ќе поевтинат

Авиокомпаниите ќе ги задржат повисоките цени и откако горивата ќе поевтинат

Зголемувањето на цените на авионското гориво поради војната во Иран доведе до значително повисоки цени на авионските билети. Но, патниците не треба да очекуваат тие да се намалат дури и ако цените на горивата почнат да паѓаат.

Растат цените на нафтата

Растат цените на нафтата

Брент, глобалната цена на нафтата, се зголеми за речиси 2% на 107,26 долари за барел, додека суровата нафта што се тргува во САД се зголеми за 1% на 95,40 долари.