Акциите на европските компании забележаа голем пад на берзите откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот. Паневропскиот СТОКС падна за 1,7 насто, при што главните берзи забележаа негативни резултати.

Индексот на Франкфуртската берза падна за 2,6 насто, француската берза забележа пад од 2,2 насто, а лондонскиот  ФТСЕ падна за 1,2 роценти.

Најголем пад забележаа акциите на компаниите поврзани со патувања и туризам. Англо-американскиот оператор на крузерски линии Карнивал загуби 8 насто, Интернешенал Консолидејтед Еирлајнс 5 насто исто колку и на Луфтханза, додека акциите на ТИУ АГ паднаа за речиси 10 проценти.

Од друга страна акциите на компаниите од воената индустрија се во пораст.

Слични новости

Пазарите на криптовалутите во екстремен страв,биткоинот под 57 000 евра

Пазарите на криптовалутите во екстремен страв,биткоинот под 57 000 евра

Индексот на страв и лакомост за биткоин се наоѓа на нивото 8 во категоријата „екстремен страв“, уште полошо во однос на вчерашниот индекс 10, што сугерира дека сентиментот на пазарот на криптовалутите е исклучително лош.