Годишната стапка на монетарниот раст во еврозоната во мај порасна на 3,2 проценти, од 2,7 проценти во април, соопшти Европската централна банка.

Порастот се однесува на „широк монетарен агрегат“ затоа што вклучува и помалку ликвидни облици на пари, односно средства кои не можат да се потрошат веднаш, но релативно брзо може да се претворат во готовински средства.

Годишната стапка на монетарниот агрегат М1 кој ги опфаќа само оптекот на парите и депозитите, порасна од 3,8 насто во април на 4 насто во мај.

Слични новости