Глобалната економија покажува поголема отпорност од она што се очекуваше, но истовремено се продлабочуваат разликите меѓу државите.
Проекциите на ММФ покажуваат дека глобалниот стопански раст ќе забави од 3,5 на 3,1 насто во 2026 -та година, додека во 2027 се очекува благо забрзување на 3,4 насто.
Економската активност во првата половина на 2026 беше посилна од она што се очекуваше и покрај војната на Блискиот исток, трговските тензии и растот на цената на енергентите.
Еден од најголемите двигатели на глобалната побарувачка е вештачката интелигенција во која се вложуваат огромни средства.
Слични новости
Европските берзи во благ пораст, нафтата Брент 92 долари за барел
Цената на референтната нафта Брент поскапе за 0,49 на 92 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ порасна за 0,20 насто на 86,25 долари.
Аларм во Германија: Залихите на гас на историски минимум пред зимата
Во сезоната 2026/2027 Германија влегува со историски најниско ниво на исполнетост на складиштата на гас од само 61 насто, што е за девет проценти помалку од потребниот минимум кој изнесува 70 насто.
Рускиот дизел сепак не стигнува до Америка
Третиот танкер со руски дизел го смени курсот и се откажа од пловидбата кон САД, со што е доведено во прашање испораката на горивото договорена меѓу претседателите на САД и Русија Доналд Трамп и Владимир Путин.


