Големите имиња на глобалниот филм, актерката Глен Клоуз, режисерот и продуцент Ридли Скот и аниматорот Флојд Норман добија почесни Оскари од Американската академија за филмски уметности. Легендарниот режисер Ридли Скот не се појави на свечената церемонија на доделата на Оскарите поради болест.
На свеченоста која се одржа во Реј Долби во Холивуд присуствуваа речиси сите членови на Академијата, како и годинешните фаворити за Оскар. Од филмот „Одисеја“ на свеченоста беа присутни режисерот Кристофер Нолан како и актерите Зендеја, Том Холанд и Шарлиз Терон.
Од филмот “Дебито“ дојдоа актерските ѕвезди Џулијана Мур, Пол Џијамати и Ема Стоун, како и Кари Бејкер и Инди Наварет, од хит хоророт „Опсесија“.
Слични новости
„Ебенејзер“ со Џони Деп прв на американскиот Бокс офис
Филмот „Ебенејзер“ на Парамаунт во кој филмската ѕвезда Џони Деп се врати на големото платно по пауза од осум години е прв на американскиот Бокс офис со заработка од 20 милиони долари викендов.
Премиерите на „Војникот дух“ и „Како да ограбите банка“ разочараа на Бокс офисот
„Војникот дух“ на студиото Сони во режија на Вилијам Јубанк заработи скромни 5,2 милиони долари на премиерниот викенд ширум кината во САД. Лошо помина и премиерата на „Како да ограбите банка“ на студиото Амазон МГМ. Филмот на режисерот Дејвид Лич заработи разочарувачки 5,1 милиони долари
Бел тартуф продаден во Пиемонт за дури 100.000 евра
Бел татруф тежок 850 грама бил продаден на меѓународна аукција во Италија за дури 100.000 евра. Тартуфот го купил купувач од Хонг Конг, на ауција во Алба, град во италијанскиот регион Пиемонт.


