Вечерта на Оскарите мина без изненадувања. Фаворитот „Една битка по друга“ освои шест Оскари меѓу кои и за филм на годината и режија. „Грешници“ кој имаше дури 16 номинации, освои вкупно 4 Оскари.

Мајкл Б. Џордан го освои Осакрот за надобра машка улога, Рајан Куглер за најдобро оригинално сценарио, Лудвиг Горансон за најдобра музика и Дуралд Аркапав за надобра кинематографија.

„Франкештајн“ на Гилермо дел Торо освои три Оскари во техничките категории: Најдобар продукциски дизајн, најдобра шминка и најдобра костимографија.

Американската академија им оддаде посебна чест на филмаџиите кои починаа минатата година, особено на режисерот Роб Реинер, актерот Робер Редфорд и глумиците Дајан Китон и Клаудија Кардинале.

Слични новости

Си-Ен-Ен: Американската војска е подготвена уште викендов да го нападне Иран

Си-Ен-Ен: Американската војска е подготвена уште викендов да го нападне Иран

Американската војска е подготвена уште викендов да го нападне Иран, иако претседателот на Соединетите Амеерикански Држави Доналд Трамп сè уште не донел конечна одлука за одобрување на таква акција, пренесува „Си-Ен-Ен“.