Повеќето германски деловни здруженија очекуваат згаснување на работните места во 2026 година, во услови на тековната економска криза во земјата, при што индустријата е најтешко погодена од глобалните протекционистички мерки и слабиот извоз, покажа истражувањето на германскиот економски институт IW објавено во понеделникот.

Од 46 деловни здруженија што учествувалр во истражувањето, 22 очекуваат да ја намалат својата работна сила следната година. Само девет очекуваат зголемено вработување, додека 15 деловни здруженија предвидуваат стабилни нивоа на вработеноста.

Компаниите во автомобилската, хартиената и текстилната индустрија очекуваат пад на производството поради сè поизразените протекционистички мерки, слабиот извоз и високите трошоци што ја намалија ценовната конкурентност на Германија, покажа истражувањето.

„Оние што се надеваа на брз и сеопфатен крај на економската криза ќе бидат разочарани и во 2026 година“, оцени шефот на IW, Михаел Хутер, додавајќи дека економијата „се стабилизира на пониско ниво“.

Во наредната година, корпоративните инвестиции ќе останат на ниско ниво. Според анкетата, само 11 деловни здруженија очекуваат раст на инвестициите, додека 14 предвидуваат пад, а 21 здружение очекуваат инвестициите да стагнираат на ниски нивоа.

Оптимизам за следната година покажале секторите на коишто позитивно влијае растот на трошоците за одбраната, како што се воздухопловната индустрија и бродоградбата. Компаниите во услужниот сектор, исто така, забележаа подобрување на условите во споредба со минатата година, покажува анкетата.

Очекувањата на деловните челници се малку подобрени, а анкетата покажа дека 19 здруженија очекуваат поголемо производство отколку во 2025 година, додека девет очекуваат пад. Ова е првата позитивна прогноза по неколку години.

globe

Слични новости

Објавена новата листа на милијардери, бројката поголема од минатата година

Објавена новата листа на милијардери, бројката поголема од минатата година

Бројот на милијардери ширум светот се искачи на рекордни 3.428, што е значителен скок во однос на минатогодишните 3.028. Вкупното богатство на луѓето на оваа листа се проценува на 20,1 трилиони долари, или четири трилиони повеќе од минатата година.

Цената на нафтата се стабилизира

Цената на нафтата се стабилизира

Цените на нафтата утрово стагнираат по големите флуктуации на почетокот на неделата иако Иран сè уште не дозволува танкери да минуваат низ Ормутскиот теснец, што не го спречува извозот на нафта од Блискиот Исток.